Дома Фудбал Меси е број 1 меѓу луѓето, но Марадона е Бог

Меси е број 1 меѓу луѓето, но Марадона е Бог

Синот на Диего Марадона, Диего јуниор, кој го доби во врска со Кристина Синагра во 1986 година, беше гостин во една италијанска шоу програма, каде што зборуваше за својот татко.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Марадона имаше тежок, но убав живот. Уживаше, правеше грешки. За грешките плати, но никогаш никого не повреди“ рече Марадона јуниор.

На прашањето дали го запознал Меси и какво е неговото мислење за него беше краток.

„Немав можност да го запознаам. Меси е број 1 меѓу луѓето, но татко ми е Бог на фудбалот“, изјави Диего јуниор.

Татко му го запозна дури кога наполни 29 години.

„Имавме убав однос. Кога не се познававме, луѓето постојано ме прашуваа за него. Кога го запознав ми донесе многу среќа во животот. Беше капитен на моите најубави денови“, заклучи синот на Марадона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул понуди 100 милиони евра за Диоманде

Ливерпул се активираше во потрагата по сензацијата на РБ Лајпциг, Јан Диоманде, објавува н…