
Пауло Дибала се надева дека ќе го обнови договорот со Рома и да остане во клубот и следната сезона, и покрај понудите од Аргентина и Турција, пишува “Кориере дело спорт”.
Аргентинецот се опоравува од повреда веќе три месеци, но се надева дека ќе биде подготвен за натпреварот со Болоња. Остануваат само 70 дена од договорот на Дибала со Рома и сè уште нема јасност дали ќе остане на “Олимпико” и следната сезона.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
И покрај понудите од Аргентина и Турција, играчот изгледа решен да остане и е подготвен да преговара за значително намалување на платата во замена за бонуси поврзани со неговото изведување. Ова може да биде клучен чекор кон потпишување на нов договор со Рома, што не го исклучува останувањето на Ла Хојја за следната година.
Меѓувреме, Николо Шкира известува дека друг напаѓач на „волците“ – Стефан Ел Шарави, ќе замине откако ќе му истече договорот летово. Меѓу кандидатите што би го ангажирале како слободен агент е и неговиот поранешен клуб Џеноа.