
Менаџерот на Ливерпул Арне Слот се очекува да остане во клубот и следната сезона, иако тимот од Мерсисајд има разочарувачка сезона. Според “Скај Спортс”, Холанѓанецот ќе продолжи да работи со тимот, а сомнежите за неговата иднина се отстранети, откако “црвените” се доближија до обезбедување учество во Лигата на шампионите следната сезона.
По победата против Евертон во текот на викендот, Ливерпул има предност од седум поени пред шестиот Челси и шансите на Лондонците да ги стигнат се многу мали. Петтото место во табелата на тимот од Мерсисајд ќе му обезбеди место во најпрестижниот клупски турнир.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Слот го изведе Ливерпул до шампионската титула во Англија во првата своја сезона, но во втората се соочува со сериозни проблеми. И покрај обемната летна селекција, тимот ќе го заврши сезоната без трофеј и многу далеку од Арсенал и Манчестер Сити, кои се борат за титулата.