
Англискиот фудбалер Калвин Филипс (30) во последните четири години одигра само 46 натпревари. И покрај тоа, надвор од теренот заработува огромни парични средства. Играчот на средниот ред во Манчестер Сити сега е на позајмица во Шефилд Јунајтед,
Филипс се прослави во дресот на Лидс Јунајтед, што му донесе трансфер во Манчестер Сити во 2022 година вреден 49 милиони евра. Откако пристигна во тимот на тренерот Пеп Гвардиола, неговата кариера тргна во надолна линија. За клубот има одиграно само 32 натпревари за четири години.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Времето го минуваше на позајмици во Вест Хем и Ипсвич Таун, а од февруари е во Шефилд Јунајтед, каде што се обиде да добие повеќе минути на теренот. Сепак, поради повреда и суспензија, овој 30-годишен дефанзивен играч на средниот ред има само три настапи.
Единствената позитивна страна од неговото неуспешно време на Етихад е договорот што му гарантира речиси осум милиони евра по сезона, договор што го потпиша при доаѓањето од Лидс. Наводно, Сити и понатаму покрива поголем дел од неговата плата додека е на позајмица.
Тоа не е единствениот извор на приходи за играчот со 31 настап за англиската репрезентација. Финансиските извештаи на неговата компанија KP23 Ltd, која управува со неговите маркетинг права, покажуваат дека од спонзорските договори, како оној со Адидас, годишно заработува 1.5 милиони евра.
Иако се чини дека неговата репрезентативна кариера заврши поради недостиг на минути во последните години, Филипс ќе може да се гордее со клучната улога што ја имаше во патот на Англија до финалето на Еуро 2020.