
Од Борнмут решија уште сега да го објават својот менаџер за следната сезона, откако стана јасно дека Андони Ираола ќе ја напушти функцијата во клубот летово. Така, „црешите“ официјално потврдија дека наследник на шпанскиот стручњак ќе биде Марко Розе.
Договорот на германскиот тренер, кој ќе стапи на сила на 1 јули, ќе биде за три сезони. За 49-годишниот тренер ова ќе биде прво искуство во Премиер лигата, но може да се пофали дека водел тимови како РБ Залцбург, Борусија (Мјонхенгладбах), Борусија (Дортмунд) и РБ Лајпциг, од каде замина во март 2025 година.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Од друга страна, Борнмут го зазема осмото место во англиската елита со 48 бодови и има реални шанси за учество во европските турнири следната сезона. Тимот е непоразен во последните 13 натпревари во шампионатот, со вкупно 11 победи, 15 нерешени и 7 порази.