
Лука Модриќ сè уште нема донесено конечна одлука за продолжување на кариерата. Неколку се опциите за кариерата на легендата на хрватскиот фудбал, но изгледа дека тој е најблиску до останување во Милано.
Некогашниот репрезентативец на Хрватска, Дарио Шимиќ, разговараше со Лука. Тој донесе добри вести за навивачите на Росонерите.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
“Разговарав со Лука и видов дека е многу среќен во Милано”, вели Шимиќ и додава:
“Ми рече дека сè уште не одлучил дали ќе остане уште една сезона. Сепак, забележав дека бара стан во Милано”, истакна некогашниот хрватски фудбалер.
Лука оваа сезона е вистински лидер во соблекувалната на Милан. Со 40 години игра врвен фудбал и сите се восхитуваат на неговите игри.
Милан прави сè за да го задржи. Веќе му понудија договор, но Модриќ уште нема кажано својот конечен одговор.