Дома Фудбал Душан Влаховиќ е прескап промашај – Куферите се спакувани, готово е!

Душан Влаховиќ е прескап промашај – Куферите се спакувани, готово е!

Душан Влаховиќ и Јувентус, според сите извештаи, нема да ја продолжат соработката. Иако во еден момент се чинеше дека потпишувањето на новиот договор е прашање на момент, од тоа нема ништо.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Преговорите што почнаа уште во март паднаа во вода. Јувентус не планира да ги исполнува желбите на агентот Дарко Ристиќ и сегашната состојба изгледа безизлезно.

“Нема напредок во преговорите помеѓу Душан Влаховиќ и Јувентус”, изјавува инсајдерот Матео Морето и продолжува:

“Сè уште е сè на чекање. Преговорите се оладија и нема никаков напредок. Одредени клубови веќе решија да реагираат.”

Душан Влаховиќ во последно време е поврзуван со Милан. Наводно Росонерите се подготвени да му понудат долгорочен договор вреден околу седум милиони евра по сезона и е главната желба на Масимилијано Алегри.

Да потсетиме, тој пристигна во Јувентус во јануари 2022 година. Бјанконерите го платија дури 84 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Родри очајно сака трансфер во Реал Мадрид!“

Играчот за врска на Манчестер Сити, Родри, повторно се најде во центарот на вниманието на …