Дома Фудбал Момент кој стана вирален: Погледнете како Гвардиола му фаќаше сеир на Арсенал (Видео)

Момент кој стана вирален: Погледнете како Гвардиола му фаќаше сеир на Арсенал (Видео)

Со победата на Манчестер Сити против Арсенал во дербито на првенството, тимот на Пеп Гвардиола дојде на само три бода од Арсенал. Покрај тоа, Сити има еден натпревар помалку од водечкиот Арсенал, заостанат натпревар против Кристал Палас. Терминот на таа средба се уште не е познат бидејќи Палас е сѐ уште активен во европските натпревари.

Ако Сити победи во одложениот натпревар, ќе се израмни бодовно со Арсенал, што овозможува пласманот да се решава според гол-разликата или бројот на постигнати голови. Доколку и тука има еднаквост, титулата ќе му припадне на тимот со подобар скор во меѓусебни дуели.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Тука е во предност Манчестер Сити, кој сезонава на Емирејтс одигра 1:1, а на домашен терен сега славеше со 2:1. Сепак, сѐ уште ништо не е решено. Во игра се уште 15 бодови, односно 18 за Сити, кој има еден натпревар помалку. Се чини дека Сити презеде иницијатива, особено бидејќи Арсенал паралелно се бори и за титулата во Лигата на шампионите.

Психолошката предност е исто така на страната на Сити, а неговиот тренер Пеп Гвардиола започна и со психолошки игри. Тој на интересен начин му фаќаше сеир на Арсенал. Неговата изјава по победата во дербито стана вирална: „Многу сум среќен што имаме чест да направиме првиот прекршок во Премиер лигата по корнер на Давид Раја.”

Ја имавме таа привилегија да го фаулираме голманот на Арсенал! Во Премиер лигата немаше никаков прекршок на голман низ целата сезона, но денес бевме први! Уште една титула, уште еден рекорд кој го запишавме.”

Пласман овозможен од Sofascore
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Левандовски ѝ „заби нож“ во грб на Барселона, но она што го направил Ибрахимовиќ е неверојатно!

Роберт Левандовски е во фокусот на јавноста последните денови, а сè почна по понудата на Б…