Дома Фудбал Ливерпул веќе преговара за Адам Вортон

Ливерпул веќе преговара за Адам Вортон

Ливерпул веќе има испратено прашање до Кристал Палас за играчот на средината на теренот на “орлите” Адам Вортон, тврди новинарот Бен Џејкобс.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според информациите, лондонците се отворени за продажба на англискиот интернационалец, кого го оценуваат на околу 80 милиони фунти. Меѓутоа, лицитацијата ќе започне од многу пониска сума. Фудбалерот самиот сака да премине во поголем клуб и да игра во Лигата на шампионите.

Вортон е приоритет за средниот ред на Ливерпул. Веројатно „Црвените“ ќе го продадат Кертис Џонс, кого го интересира Интер, а и иднината на Алексис Мак Алистер на “Енфилд” е неизвесна.

Манчестер Јунајтед исто така има сериозен интерес за 22-годишната ѕвезда на Кристал Палас.

Лондонците го привлекоа Вортон од Блекбурн во февруари 2024 година за иницијална сума од 18 милиони фунти, која со бонуси достигнува 22 милиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер го потврди интересот кон дефанзивец од 50 милиони

Спортскиот директор на италијанскиот шампион Интер, Пиеро Аузилио, официјално го потврди и…