
Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски оствари уште еден одличен резултат, откако на маратонот во Белград го освои второто место.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ивановски ја заврши трката со време од 2:09.35 и така заврши на втората позиција, веднаш зад Гемсида Гада од Етиопија кој имаше време од 2:09.11.
Третата позиција на трката во Белград ја освои Џон Ерот од Кенија, а на главниот маратон учествуваа над 2.350 натпреварувачи.