Дома Фудбал Чеферин: Ние никогаш нема да дозволиме фудбалот да стане само за богати!

Чеферин: Ние никогаш нема да дозволиме фудбалот да стане само за богати!

Првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин, при посетата на ФФМ во Скопје, се осврна на неколку актуелни прашања поврзани со европскиот и светскиот фудбал.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Една од темите што предизвикува најголемо внимание е растот на цените на билетите, особено за претстојниот Мундијал во САД. Чеферин нагласи дека европскиот модел ќе остане поинаков и дека УЕФА нема намера да дозволи фудбалот да стане луксуз резервиран само за богатите. Напротив, целта е трибините да останат достапни за вистинските навивачи и на Европско првенство 2028, бидејќи, како што потенцираше, фудбалот на Стариот континент е дел од културниот идентитет, а не само бизнис.

Тој направи и споредба со американскиот пристап, каде високите цени се прифатени како нормални, додека во Европа таквиот потег би предизвикал силни реакции кај јавноста. Според него, додека системот функционира успешно, нема причина да се менува и да се става профитот пред традицијата.

Чеферин зборуваше и за употребата на ВАР-технологијата, оценувајќи дека таа донела значителни придобивки, но и одредени контроверзии. Посебно ја истакна нелогичноста на некои офсајд одлуки, каде минимални детали прават разлика, како и нејаснотиите околу играта со рака. Во соработка со ИФАБ, веќе се разгледуваат измени на правилото за офсајд, со цел да се воведе појасен критериум – целото торзо на напаѓачот да биде во недозволена позиција.

Според него, ВАР е особено корисен во ситуации како утврдување на офсајд или дали прекршок е направен во или надвор од шеснаесетникот, но потенцира дека неговата употреба треба да биде ограничена само на „јасни и очигледни грешки“, за да не се нарушува динамиката на играта.

ЦЕЛОТО ИНТЕРВЈУ НА ЧЕФЕРИН:

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Феран Торес веднаш по финалето доби доказ колку еден гол може сè да промени

Феран Торес стана херој на Шпанија откако постигна гол во финалето на Светското првенство …