
Фудбалскиот клуб Барселона го дефинираше својот план за летниот трансфер период, со акцент на ангажирање на нов напаѓач со специфичен профил од шпанската лига. И покрај тоа што Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид е примарна цел, спортскиот сектор на клубот активно разгледува и други можности, доколку тој трансфер не успее. Главен кандидат што се истакнува е Ведат Муриќи од Мајорка, кој нуди физичка сила и искуство од првата лига кое клубот го бара, пишува Goal.com.
Клубот има јасна визија за видот на напаѓач кој им е потребен ако не успеат да го доведат Алварез: бараат класична „деветка“, висок и доминантен играч во казнетиот простор со искуство на највисоко ниво. Според пишувањата на весникот Спорт, Муриќи од Мајорка се истакнува како водечка алтернатива по одличната сезона.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Косовскиот репрезентативец на 31 година игра една од најдобрите сезони во својата кариера и моментално е втор стрелец во лигата. Тој нуди тактичка разновидност која му недостасува на тековниот тим: доминација во воздушните дуели, способност за врзување на противничките одбранбени играчи и инстинкт за гол во шеснаесетникот.
Спорт наведува дека каталонскиот клуб веќе преку посредници почнал да ја проверува ситуацијата, иако директен контакт со Муриќи или неговите претставници се уште не е остварен. Муриќи е свесен за зголемениот интерес поради одличната форма, но е фокусиран на завршувањето на сезоната и само после тоа ќе разгледа можни опции.
Откупната клаузула на напаѓачот изнесува 40 милиони евра, но извори блиски до играчот, кој има договор до 2029 година, тврдат дека би можел да биде достапен за помала сума, зависно од спортските резултати на Мајорка. Барселона затоа внимателно ја следи ситуацијата во клубот од Балеарските острови, свесна дека испаѓањето во втората лига би можело дополнително да ја намали барата цена.