Дома Фудбал Реал со необичен пристап кон ангажманот на Клоп

Реал со необичен пристап кон ангажманот на Клоп

Според извештаите од шпанските медиуми, Реал Мадрид применува невообичаена тактика за да го доведе Јирген Клоп на тренерската позиција. Претседателот на клубот, Флорентино Перез, наводно не планира прв да го контактира германскиот тренер.

Наместо тоа, во Мадрид очекуваат Клоп сам да ја преземе иницијативата, доколку навистина е заинтересиран за превземање на клубот, пишува Фабрицио Романо. Ова веднаш поттикнува логично прашање: ако Реал Мадрид вистински го сака Клоп, зошто се позиционира како тој да треба да го убедува клубот, а не обратното?

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Кога клуб навистина има интерес за одреден тренер, особено за некој со калибарот на Клоп, вообичаено е клубот да го направи првиот потег. Ова не е знак на слабост, туку основа за сериозни преговори, пишува Tribuna.com.

Во овој контекст, се чини како да Реал сака да привлече еден од најдобрите тренери во светот, но притоа не сака да го ризикува својот имиџ. Очигледно, ставот е следниот: ако Клоп навистина сака да го води Реал Мадрид, тогаш треба лично да се приклучи. Но, ваквиот пристап повеќе изразува претеранa гордост отколку вистинска самодоверба.

Она што ја прави ситуацијата уште понеобична е фактот дека Клоп, откако си замина од Ливерпул, неколку пати јасно изјави дека планира да се одмори од тренерската работа. Ако Клоп не е активно во потрага по нов ангажман, многу е малку веројатно дека самиот ќе почне да контактира клубови, дури и ако станува збор за Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Преговорите започнале: Робертсон може да се врати онаму каде што ја почна кариерата!

Енди Робертсон се наоѓа на прагот на значајно враќање во клубот каде што ја започна својат…