
Два месеца пред Светското првенство, селекторот на Саудиска Арабија, Ерве Ренар, беше отпуштен од својата должност.
Французинот не го криеше разочарувањето од ваквата одлука..
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
“Така е тоа во фудбалот. Саудиска Арабија се квалификуваше за Светското првенство седум пати, а двапати беше под мое раководство,” изјави Ренар, јасно изразувајќи разочарување поради одлуката на раководството на Фудбалскиот сојуз на Саудиска Арабија.
Ренар ја водеше Саудиска Арабија од 2019 до 2023 година, за подоцна да се врати на челната позиција кон крајот на 2024 година, по отпуштањето на Роберто Манчини.
Ренар е последниот тренер што ја победил Аргентина на чело со Меси на светските првенства. Под неговото водство, Саудијците ја совладале Аргентина со резултат 2:1 во групната фаза, по што Аргентинците запишаа само победи на патот до светската титула.
Сега челниците на Фудбалскиот сојуз на Саудиска Арабија имаат малку време до почетокот на турнирот да пронајдат негов наследник.