Дома Фудбал Поранешен скаут на Реал жестоко удри по Винисиус: Тој нема мозок!

Поранешен скаут на Реал жестоко удри по Винисиус: Тој нема мозок!

Поранешниот скаут на Реал Мадрид, Маноло Ромеро, остро го критикуваше Винисиус Жуниор по драматичното испаѓање на шпанскиот клуб од Лигата на шампионите од Баерн. Искусниот ловец на таленти го доведе во прашање фудбалскиот интелект и реализацијата на бразилскиот играч, откако европската сезона на Реал заврши со хаотичен пораз од 6:4, пишува Goal.com.

Реал доживеа болно испаѓање во четвртфиналето откако Михаил Олисе и Луис Диаз со голови во финишот му донесоа на Баерн победа со 4:3 во возвратниот натпревар. Петнаесеткратните европски шампиони таа вечер водеа трипати благодарение на погодоците на Арда Гулер и Килијан Мбапе, но црвениот картон на Едуардо Камавинга ја влоши ситуацијата. Ромеро го посочи Винисиус како главна причина за неуспехот, нагласувајќи дека тимот страдаше поради неговиот слаб завршен удар.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Поранешниот скаут ја изрази својата разочараност со играчите кои, според него, немаат тактичка зрелост за играње во најпрестижниот клуб во историјата. Тој се присети на времето кога го тренираше младите фудбалери за да ја истакне важноста на дисциплината и менталниот пристап на тренинзите.

Жалејќи се на сегашната состојба на нападот на Реал и недостатокот од напредок во одредени аспекти од играта, Ромеро за Cadena SER изјави:

“Колку само емисии посветив зборувајќи дека треба да работат на завршницата, дека треба да работат на своите ментални способности? Гледам дека Винисиус не размислува како што треба. Тоа е реалноста. Прво треба да се носат играчи кои размислуваат правилно. Сум уморен од играчи без визија кои го носат најславниот дрес во историјата на фудбалот.”

Ромеро го истакна и недостатокот на работна етика кај бразилскиот играч, споредувајќи го неговиот пристап со легендите на клубот како Уго Санчез. Тој изјави дека денешната напаѓачка линија на Реал значително заостанува зад легендарното трио составено од Герет Бејл, Карим Бензема и Кристијано Роналдо.

Нагласувајќи ја потребата од самокритика и дополнителна работа за да се намали заостанувањето зад европската елита, Ромеро додаде: “Би сакал да видам како изгледаат училишните сведителства на овој тим на Реал Мадрид. Сакам да знам какви оценки добиваше Винисиус по историја и географија… и Камавинга по математика.”

“Винисиус нема скромност да признае дека неговата завршница е на многу ниско ниво. Кога се оженив, отидов на меден месец во Мадрид и гледав тренинг на Реал, а Уго Санчез остануваше еден час за да ја вежба завршницата. Винисиус, оној на кого најмногу му треба… тоа не го прави.”

Винисиус во оваа сезона постигна 17 гола и забележа 14 асистенции во 47 одиграни натпревари. Реал повеќе не е дел од Лигата на шампионите и Купот на кралот, а во Ла Лига заостанува зад Барселона девет бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ЛЕВАНДОВСКИ ЛУТ НА УПРАВАТА НА БАРСА: Захави доаѓа во Италија за преговори, 2 клуба во игра!

Роберт Левандовски има договор со Барселона до крајот на оваа сезона. Преговорите се загла…