Дома Останати Кошарка НБА одлучи: Дончиќ може да се бори за МВП-титулата

НБА одлучи: Дончиќ може да се бори за МВП-титулата

Ѕвездата на Детроит пистонс Кејд Кунингем и ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ сепак ќе можат да се конкурираат за годишните награди на НБА лигата, и покрај тоа што не одиграа доволен број натпревари (65) оваа сезона. Одлуката е донесена заедно од страна на раководството на НБА лигата и Здружението на кошаркари (NBPA), повикувајќи се на клаузула за вонредни околности од Колективниот договор.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Кунингем одигра 63 натпревари во регуларниот дел од сезоната. Дончиќ имаше 64 настапи, од кои две ги пропушти за да биде во Словенија на раѓањето на неговата ќерка. По разгледување на сите околности, НБА лигата и Здружението на играчите се согласија дека двајцата играчи ги исполнуваат условите за наградите врз основа на споменатата одредба за вонредни околности.

Словенецот Дончиќ ја заврши сезоната како најдобар стрелец во НБА лигата со просек од 33.5 поени. Покрај тоа, постигнуваше 7.7 скока и 8.3 асистенции по натпревар и високо котираше за наградата што ја добива највредниот играч на лигата (МВП). Исто така, сега е во конкуренција и за други индивидуални награди, како вклучување во најдобрата петорка на лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Кошаркарите дознаа против кого ќе играат во борбата за место на Европското првенство (Фото)

Македонската кошаркарска репрезентација ги дозна ривалите во втората рунда од претквалифик…