Дома Фудбал Трка со времето: Артета без најдобриот против Сити, а нема ни алтернатива?

Трка со времето: Артета без најдобриот против Сити, а нема ни алтернатива?

Англиските медиуми пишуваат дека Букајо Сака сè уште има проблем со Ахиловата тетива и дека сè уште не е подготвен да тренира со полн интензитет.

Иако првично требаше да биде подготвен веднаш по мартовската пауза, повредата се искомплицира и поради тоа Сака нема минутажа од почетокот на април.

Дополнително, Нони Мадуеке заработи повреда на коленото на натпреварот против Спортинг и исто така постојат големи шанси да не биде подготвен за гостувањето на Сити.

Убавите вести се дека Рикардо Калафиори и Мартин Одегард можат да бидат подготвени за неделното дерби на „Етихад”. 

Сака е сигурно најважниот играч на овој список, затоа до недела ќе биде во сериозна трка со времето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гужва во хрватскиот втор ранг: Осум екипи во четири бода, Вуковар тоне

Младост Ждралови е лидер по 11 кола, но конкуренцијата е збиена. Вуковар, кој минатата сез…