
Поранешниот чувар на мрежата на Јувентус и Арсенал, Алекс Манингер, загина во сообраќајна несреќа на 48-годишна возраст. Несреќата која доведе до неговата смрт се случила на нерегулиран железнички премин во близина на Салцбург, во местото Нусдорф ам Хаунсберг, како што известува локалната полиција. Неговиот поранешен клуб, Јувентус, се огласи преку социјалните мрежи:
“Денес е многу тажен ден. Загубивме не само врвен спортист, туку и човек со ретки квалитети, како што се скромноста, посветеноста и извонредниот професионализам. Алекс Манингер ќе остане запомнет како пример на и надвор од теренот. Јувентус упатува најдлабочувствителни сочувства и е со неговото семејство во овие тешки моменти.”
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Манингер беше првиот Австриец кој некогаш играл за Арсенал и со Топчиите ја освои титулата во Премиер лигата и ФА Купот во сезоната 1997/98. Го напушти Хајбури во 2002 година, откако падна во хиерархијата зад Дејвид Симан и Ричард Рајт.
По тоа, играше за десет различни клубови, вклучувајќи ги Торино, РБ Салцбург, Удинезе и Јувентус, пред да се врати во Премиер лигата. По заминувањето од Аугсбург во 2016 година, Манингер тренираше со Ливерпул за да ја задржи формата додека бараше нов клуб.