
Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, даде изјава по елиминацијата на шпанскиот клуб од Лигата на шампионите, по поразот од 4:3 во Минхен од Баерн. Во својот осврт за медиумите по натпреварот во Минхен, го коментираше инцидентот со исклучувањето на Едуардо Камавинга кон крајот на мечот.
Арбелоа во изјавата за Movistar+ изрази особена критика кон судијата Славко Винчиќ за вториот жолт картон на францускиот играч од средина на теренот. “Јасно е дека сум погоден од ситуацијата. Не можете вака да исклучите играч. Судијата не знаеше дека Камавинга веќе има жолт картон, па му го покажа и вториот. Со тоа ја уништи оваа прекрасна елиминациска игра,” изјави тренерот на Реал.
Арбелоа: Горди сме
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Иако тимот е елиминиран, изрази гордост за вложениот напор на играчите. “Жал ми е за нив. Ме боли што Реал годинава нема да освои 16-та титула на првак на Европа, но сум многу горд. Се враќаме во Мадрид со високо кренати глави, бидејќи дадоа сѐ од себе,” рече тој.
Во однос на самиот натпревар Арбелоа додаде: “Имавме неколку шанси за гол. Се подготвувавме за неколку замени непосредно пред нивниот гол, но после тоа сѐ беше завршено. Судбината беше против нас. Сега треба да продолжиме и да се бориме до крајот на сезоната.”