Дома Фудбал Мудра игра на Арсенал ја зачува предноста од првиот натпревар и ги испрати лондончаните во полуфиналето

Мудра игра на Арсенал ја зачува предноста од првиот натпревар и ги испрати лондончаните во полуфиналето

Арсенал ќе игра во полуфиналето на Лигата на шампионите втора година по ред! Ова стана факт, откако лондончаните одиграа 0:0 против Спортинг (Лисабон) во реванш 1/4-финалето од “турнирот на богатите” на домашен терен на „Емиратс“.

“Топџиите” имаа предност од 1:0 по првиот натпревар од пред една недела на „Жозе Алвеладе“ во португалскиот главен град и безголната нерешена игра им беше доволна.

Во битка за место на големото финале, Арсенал ќе се натпреварува со Атлетико Мадрид, кој 24 часа порано во луда битка ги елиминира сонародниците од Барселона по победата во првиот натпревар со 2:0, поразот на реваншот со 1:2 и успехот во вкупниот резултат со 3:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Биографијата на Панчев доби место меѓу подароците за Ренџерс

Горан Кипријановски ја подари книгата за Дарко Панчев при посетата на „Иброкс“. Во Ренџерс…