
Англискиот фудбалски клуб Манчестер Сити го означил десниот бек Џивајро Рид од Фејенорд за потенцијален трансфер во летниот период, јавува Sky Sports.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Сити долго време бара нов играч на оваа позиција, но добрите настапи на преквалификуваниот халф Матеус Нунеш го одложија доведувањето на одбранбен играч. Најблиску до трансфер беа Тино Ливраменто и Весли, кои сепак не пристигнаа на “Етихад”.
Рид, со 19 години, во моментов се опоравува од повреда, но ќе се врати на терените за неколку недели и ќе биде следен од извидувачите на Сити. Тој е младински репрезентативец на Холандија и веќе го привлекол интересот на германскиот Бајерн Минхен и други клубови од Премиер лигата. Според информациите на Sky, Сити исто така бара и халфови за летниот трансфер период. Очекува се англискиот тим да реализира и низа излезни трансфери.