Дома Фудбал Слот ден по елиминацијата од Лигата на шампионите реши да „отстрани“ четири големи ѕвезди!

Слот ден по елиминацијата од Лигата на шампионите реши да „отстрани“ четири големи ѕвезди!

Вкупниот пораз на Ливерпул во четвртфиналниот двомеч од Лигата на шампионите беше 4:0 од Пари Сен Жермен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, после натпреварот коментираше дека неговиот тим е во транзиција и дека очекува следната сезона да биде подобра.

Она што веќе беше познато е дека Робертсон и Салах ќе заминат од Енфилд како слободни агенти летово.

Ќе дојде нов лев бек, а во моментот првиот избор е Давид Раум, а во однос на крилниот играч Слот го сака Диоманде.

Според новинарот од The Athletic, Џејмс Пирс, уште четворица играчи ќе го следат стапките на Робертсон и Салах.

Се очекува дека и Федерико Киеза ќе замине од клубот бидејќи повеќе не сака да седи на клупата, туку сака да игра.

Постојат сомневања околу Гомез и Кертис Џонс, и тие исто така се очекува да преминат во некој друг клуб летово.

Нејасна е ситуацијата околу Конате, и многумина веруваат дека и тој на крајот од сезоната ќе си ја проба среќата во некој друг клуб.

Исто така, многумина очекуваат и Мак Алистер да замине и својата кариера да ја продолжи во тимот на Реал Мадрид.

Кога станува збор за Гомез, Џонс, Конате и Киеза, наводно и Слот ја донел одлуката дека не ги сака во тимот во следната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер го потврди интересот кон дефанзивец од 50 милиони

Спортскиот директор на италијанскиот шампион Интер, Пиеро Аузилио, официјално го потврди и…