
Светскиот шампион во бокс во тешка категорија Oлександр Усик го коментираше долгоочекуваниот меч меѓу Тајсон Фјури и Ентони Џошуа. Украинецот се бореше против двајцата. Го победи Фјури еднаш, а Џошуа двапати. „Ако Тајсон Фјури и Ентони Џошуа сакаат да се борат меѓусебно, јас се тргнувам на страна. Кој ќе победи? Џошуа. Тој е идниот неприкосновен првак“, рече Усик за Би-Би-Си.
Ентони Џошуа го стави на чекање долгоочекуваниот меч против Тајсон Фјури, и покрај јавниот предизвик на Фјури и објавата на Нетфликс дека борбата веќе е договорена за есен. Џошуа како причина ја наведе потребата да „уреди некои работи“ откако на крајот од минатата година преживеа сообраќајна несреќа во Нигерија во која загинаа двајца негови пријатели. Сепак, стриминг сервисот Нетфликс тврди дека борбата ќе се одржи и дека веќе ги поседуваат телевизиските права.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
По победата во повратничкиот меч против Арсланбек Махмудов, 37-годишниот Фјури ја искористи приликата за директно од рингот да го предизвика Џошуа, кој борбата ја следеше од публиката. Светот на боксот веќе со години го чека нивниот пресмет, но се чини дека договорот, и покрај напорите на организаторите, уште не е потврден.