
Откако синоќа беа познати имињата на првите два тима кои се пласираа во полуфиналето на Лигата на шампионите, вечерва ќе дознаеме и нивните противници.
Имено, екипите на ПСЖ и Атлетико Мадрид синоќа се пласираа во полуфиналето на Лигата на шампионите и вечерва ќе дознаат против кого ќе се борат за финалето.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Атлетико Мадрид ќе ги игра своите натпревари против Арсенал или Спортинг, додека ПСЖ ќе игра против Баерн или Реал Мадрид.
Токму натпреварот кој ќе се одигра во Минхен ќе привлече многу внимание вечерва.
Баерн Минхен ја брани предноста стекната во првиот натпревар кој беше одигран во Минхен.
Англискиот репрезентативец Џуд Белингем го предупреди Баерн што може да очекува од Реал Мадрид вечерва.
Тој тврди дека Реал Мадрид нема намера да „се крие“ вечерва во Минхен и дека се свесни дека ги чека непријателска атмосфера.
„Тоа е нашиот менталитет, нема да се криеме. Сакаме да веруваме бидејќи немаме повеќе шанси.
Најважно е да бидеме присутни и силно да настапиме. Ќе биде тоа поинаков натпревар од првиот. За нас тоа е како финале. Сакаме да се натпреваруваме и да ја освоиме Лигата на шампионите. Ќе дадеме се од себе”, рече Белингем.