Дома Останати Ракомет Египќанецот Мохаб Абделхак е ново засилување на Вардар

Египќанецот Мохаб Абделхак е ново засилување на Вардар

РК Вардар го освежи својот состав со ангажман на младиот и перспективен десен бек Мохаб Абделхак, кој важи за еден од најталентираните египетски ракометари од својата генерација.

Станува збор за леворак играч кој настапува на позицијата десен бек и пристигнува од редовите на германскиот гигант Кил. Иако е сè уште млад, Абделхак веќе има зад себе богато меѓународно искуство и настапи на високо ниво.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Роден е на 20 јануари 2003 година во Каиро и веќе е стандарден член на сениорската репрезентација на Египет. Неговиот развој започнува во редовите на Ал Ахли, еден од најуспешните клубови во својата земја, по што следува трансфер во францускиот Ним, каде дополнително го усовршува својот потенцијал во силна европска конкуренција.

Одличните партии во Франција му овозможија трансфер во Кил, клуб кој го промовираше како значајна инвестиција за иднината.

„Овој трансфер во РК Вардар претставува огромен чекор напред во мојата кариера и горд сум што доаѓам во клуб со толку силна историја и амбиција. Возбуден сум што ќе ја развивам својата игра, што ќе се натпреварувам на повисоко ниво и што ќе го дадам максимумот за тимот. Моите очекувања се да напредувам секој ден и да придонесам за заеднички големи резултати“, изјави Абделхак.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

ЕХФ ги суспендираше Начевски и Николов две години!

Европска ракометна федерација донесе дисциплинска одлука со која македонските судии Славе …