Дома Фудбал Ливерпул овој пат заслужи повеќе против ПСЖ, но “златниот” Дембеле го замолкна “Енфилд”

Ливерпул овој пат заслужи повеќе против ПСЖ, но “златниот” Дембеле го замолкна “Енфилд”

Пари Сен Жермен продолжува со одбраната на трофејот во Лигата на шампионите, откако го победи Ливерпул со 2:0 на “Енфилд” и со вкупен резултат 4:0 ги елиминираше Мерсисајдците и се квалификуваше на убедлив начин во полуфиналето.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Таму тимот на Луис Енрике ќе се соочи со Баерн Минхен или Реал Мадрид. Пред една недела парискиот тим целосно ги надигра “црвените” на “Парк де Пранс”, но победија “само” со 2:0. Денес двата тима одиграа релативно рамноправно прво полувреме, во кое имаа по една голема шанса. Сепак, парижани вешто ги организираа нападите и контролата ја држеа во свои раце.

По паузата, Ливерпул изврши сериозен притисок, но Сафонов направи неколку интервенции, а судијата Маурицио Маријани досуди пенал за домаќините, кој го откажа по интервенција на ВАР. Потоа, добитникот на “Златната топка” Усман Дембеле реши сè во корист на гостите со два гола (72′, 91′).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Слушнав како се крши коска…“: Ужасно откритие на селекторот на Канада по хорор повредата на Коне

Канада како домаќин оствари повеќе од убедлива победа во второто коло од групата Б, но нат…