
Иако за многумина Барселона беше фаворит и во првиот натпревар кој се одигра на Камп Ноу, Атлетико Мадрид тогаш славеше со 2:0.
Сите во Барселона беа многу лути поради судењето на тој натпревар, но тоа не ги интересира многу во Атлетико Мадрид и тие вечерва на својот терен ја “бранат” предноста од два гола.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
А, според информациите од Шпанија, неколку часа пред почетокот на натпреварот пристигна официјалната понуда на масата на одличниот напаѓач на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварез.
Токму Алварез постигна спектакуларен гол во првиот натпревар кој минатата недела го одиграа овие две екипи.
Барселона е еден од тимовите кој го сака да го донесе следното лето, но тие не се тимот кој ја испратил понудата до Алварез.
Според информациите од Шпанија, челниците на Арсенал ја испратиле официјалната понуда на масата на овој одличен напаѓач од Аргентина.
Алварез од доаѓањето во Атлетико Мадрид практично “експлодирал” и јасно е дека неговиот тим ќе бара над 100 милиони евра за трансфер.
Челниците на Арсенал немаат никакви сомнежи околу тоа да го направат Алварез нивно второ најскапо засилување некогаш, веднаш зад Деклан Рајс.
Топџиите сакаат прво да ги договорат личните услови со играчот и да бидат сигурни дека тој сака да дојде на Емирејтс, па потоа се подготвени да влезат во преговори со Атлетико Мадрид.