Дома Фудбал Утакмицата сè уште не започнала, но хаосот започна! Барселона го пријави Атлетико Мадрид во УЕФА!

Утакмицата сè уште не започнала, но хаосот започна! Барселона го пријави Атлетико Мадрид во УЕФА!

Во Барселона имаа големо незадоволство по судењето на првиот меч што се одигра на Ноу Камп.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Атлетико Мадрид тогаш победи со 2:0 и вечерва на свој терен ја брани големата предност за да се пласира во полуфиналето на Лигата на шампионите.

Секако, судењето сигурно ќе биде во фокус и вечерва и ќе мора судиите да бидат многу позаострени отколку што беше случајот со Ковач во првиот меч.

Меѓутоа, само неколку часа пред почетокот на натпреварот се случи голема контроверзија бидејќи во Барселона се загрижени за состојбата на теренот на стадионот на Атлетико Мадрид.

Вечерва Барселона ја чека тежок предизвик, но не очекуваа тоа што ги дочека на стадионот.

Имено, од Барселона се жалат дека теренот е премногу сув, тврд и оштетен, особено на деловите во близина на корнер знамињата.

Висината на тревата, која според прописите не смее да биде над 30 мм, исто така, предизвика загриженост кај луѓето од Барселона.

Тренерот Ханси Флик веќе се сретна со делегатот од УЕФА во врска со овој проблем и ги пријавија сите можности на челниците на главната куќа на европскиот фудбал.

Сигурно ќе биде интересно да се следи и по натпреварот дали некој од тренерите ќе зборува за случувањата пред натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Слушнав како се крши коска…“: Ужасно откритие на селекторот на Канада по хорор повредата на Коне

Канада како домаќин оствари повеќе од убедлива победа во второто коло од групата Б, но нат…