
Македонската ракометна кадетска репрезентација запиша убедлив триумф над Грција, совладувајќи го јужниот сосед со 28-20 во рамките на Медитеранските игри што се одржуваат во Словачка.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Натпреварот започна во израмнет ритам, каде што ниту една од двете репрезентации не успеа да се одлепи резултатски. Првите две третини завршија без победник (9-9, 9-9), па исходот остана целосно отворен пред завршниот период.
Сепак, во последната третина македонските кадети одиграа на високо ниво и со одлична одбрана и ефикасен напад направија клучна разлика. Со убедливи 10-2 во финишот, тие го скршија отпорот на грчката селекција и стигнаа до сигурна победа.
Претходно на турнирот, Македонија ја победи Црна Гора со 28-20, додека доживеа порази од Египет (23-25) и Шпанија (17-24), со што продолжува борбата за што подобар пласман на ова натпреварување.
Фото: РФМ