
Необичен гол во Парагвај ја остави спортската публика изненадена изминатата вечер. Во дуелот од првата лига, лидерот на табелата Олимпија беше гостин на Рубио Ню, а крајот на натпреварот беше решен на неверојатен начин.
Напаѓачот Себастиан Фереира донесе водство за Олимпија во 16-тата минута, но неговиот втор гол стана вирален. На десетина минути откако започна второто полувреме, Олимпија доби сомнителен пенал, откако, како што се чинеше, се судрија два дефанзива од истата екипа. Одговорноста ја презеде Фереира, чиј удар беше одбранет од голманот Франко Фрагеда.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Фернандо Мартинез тогаш ја шутна топката, со намера да ја расчисти, но наместо тоа ја исфрли директно во Фереира, од кој топката се одби во мрежата. Фереира, кој го промаши пеналот, тешко можеше да поверува во својата среќа..
JAJAJA
— Joaco ⚪🔴⚪ (@Joacmillo) April 13, 2026
Y esto qué pasó en el fútbol paraguayo qué fue? pic.twitter.com/4Zxz858ajR