Дома Фудбал „Реал ќе го исфрли Баерн, но вакво нешто никогаш не сум видел во Мадрид“

„Реал ќе го исфрли Баерн, но вакво нешто никогаш не сум видел во Мадрид“

Баерн го победи Реал во Мадрид во првиот меч од четвртфиналето на Лигата на шампионите со 2:1, но новинарот Маноло Лама верува дека „Кралевите“ ќе ги исфрлат Баварците во реваншот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Реал Мадрид изгледаше очајно во дуелот против Баерн во првиот меч од четвртфиналето на Лигата на шампионите. На крајот, тимот на Алваро Арбелоа може да се смета среќен со поразот од 2:1, што му остави какви-такви надежи за пласман во следната фаза.

Дека Реал ќе успее, верува и шпанскиот новинар Маноло Лама. Тој со години го следи Реал и тврди дека никогаш не видел навивачи толку налутени на своите играчи, но сепак е уверен дека тимот на Арбелоа ќе победи во реваншот.

„Дали верувам дека Реал може да направи пресврт против Баерн? Искрено, да”, вели Лама и продолжува:

„Кралевите имаат можност да го свртат резултатот во своја корист и да го елиминираат Баерн, без оглед на очајната игра и сезоната што ја имаа досега.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Букајо Сака: Сакам да испишам историја во Арсенал

Навивачите на Арсенал ќе очекуваат одлично издание од Букајо Сака во финалето на Лигата на…