
На стадионот „Ванда Метрополитано“ пред големиот европски дуел помеѓу Атлетико Мадрид и Барселона, беа забележани сцени кои привлекоа големо внимание од фудбалската јавност.
Имено, домашниот тим се одлучи за необичен потег – тревата не беше искосена пред натпреварот, со цел да се успори протокот на топката и ритамот на играта на каталонскиот гигант.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Познато е дека Барселона претпочита брза игра со многу кратки додавања, па затоа е јасно дека побавниот терен може да претставува значителна пречка за нивниот стил.
Сепак, тука не завршија контроверзиите. За време на тренингот на гостинскиот тим, беа вклучени прскалките на теренот, што дополнително ги искомплицира подготовките на играчите на Барселона.
Според странските медиуми, играчите на каталонскиот клуб беа изненадени од ваквиот потег, но тренингот сепак го завршија и покрај отежнатите услови.