Дома Фудбал Румениге пред реваншот против Реал Мадрид: Чувствувам еуфорија и тоа не ми се допаѓа

Румениге пред реваншот против Реал Мадрид: Чувствувам еуфорија и тоа не ми се допаѓа

Во Баерн Минхен не сакаат да паднат во замката на преголема самоувереност и покрај предноста од 2:1, постигната на “Бернабеу” во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите против Реал Мадрид.

Убедливата победа со 5:0 против Санкт Паули во саботата, која постави нов рекорд на стрелците за една сезона во Бундеслигата, значително го подигна моралот во тимот на Венсан Компани. Сепак, во баварскиот клуб инсистираат дека судирот со „белите“ далеку не е решен, дури и кога се зема предвид нивната нестабилна форма.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Легендата Карл-Хајнц Румениге, сегашен член на надзорниот одбор, беше првиот кој се обиде да ја олади еуфоријата. „Сега не треба да ја направиме грешката да дозволиме еуфоријата да се засили премногу. Во моментот чувствувам мала еуфорија и тоа не ми се допаѓа“, изјави тој во интервју за DAZN.

По триумфот во Хамбург, Леон Горецка одговори на ова предупредување: „Немаме потреба да не предупредуваат. Совршено знаеме против кого играме и колкав е влогот. Во првиот натпревар се виде колку брзо можат да создадат гол-шанси. Затоа никој не треба да не предупредува. Сами го знаеме тоа“, потенцира тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шокантна реакција на легендарниот Ди Канио: Во емисија си ја раскрвари главата удирајќи ја од маса (Видео)

Познатиот поранешен фудбалер на Лацио и Вест Хем, Паоло Ди Канио, повторно се најде во цен…