Дома Фудбал Слот е оптимист пред реваншот со ПСЖ: Имаме верба дека можеме да постигнеме нешто специјално

Слот е оптимист пред реваншот со ПСЖ: Имаме верба дека можеме да постигнеме нешто специјално

Менаџерот на Ливерпул Арне Слот изјави дека неговиот тим има реални шанси да го промени текот на дуелот против Пари Сен Жермен, иако задачата е тешка по првиот натпревар. „Црвените“ ќе се соочат со тешка задача утре против Парижаните, бидејќи беа надминати и го изгубија првиот меч пред една недела со 2:0 во француската престолнина.

„Прво, ги потсетив играчите каков беше резултатот – 2:0. Можеби чувството било поинакво, но тоа е конечниот резултат. Второ, оваа сезона покажавме во многу натпревари дека сме способни да се претставиме одлично. Покажувавме различни лица, и тоа го знам, но во многу натпревари бевме многу добри, особено во големите дуели“, коментира Слот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Според холандскиот стручњак, статистиката ја поддржува вербата на тимот. „Од 49 домаќинства под мое раководство, во 36 успеавме да дадеме два или повеќе голови. Да, не сите од тие натпревари беа против ПСЖ, но противниците во Премиер лигата и Лигата на шампионите се на многу високо ниво“, додаде тој.

И покрај самодовербата, Слот признава дека задачата е исклучително сложена: „Имаме верба дека можеме да постигнеме нешто многу специјално, но мораме да бидеме навистина исклучителни. Се среќаваме со шампионите на Европа, што предизвикот го прави уште потежок, но не и невозможен.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шокантна реакција на легендарниот Ди Канио: Во емисија си ја раскрвари главата удирајќи ја од маса (Видео)

Познатиот поранешен фудбалер на Лацио и Вест Хем, Паоло Ди Канио, повторно се најде во цен…