Дома Фудбал Ликвидиран млад фудбалер во напад на автобус: Се враќале од натпревар кога напаѓачите пукале во возилото

Ликвидиран млад фудбалер во напад на автобус: Се враќале од натпревар кога напаѓачите пукале во возилото

Доминик Фримпонг (20), фудбалер на Берекум Челси од Премиер лигата на Гана, беше убиен за време на напад на клупскиот автобус.

До трагичниот исход дојде кога фудбалерите на Берекум Челси се враќале од натпреварот кој во недела го одиграле како гости против Самартекс, соопштува Фудбалската федерација на Гана.

Напаѓачите пукале во автобусот кој се обидувал да сврти, а младиот Фримпонг бил погоден во главата. Подоцна починал во болница, а според извештаите, засега е единствената жртва на овој напад.

„Фудбалската федерација на Гана со целосен шок и тага ја прими веста за смртта на Доминик Фримпонг од ФК Берекум Челси. Инцидентот веднаш се прошири низ целокупната спортска јавност. Фудбалската федерација на Гана изразува најдлабоко сочувство на семејството на починатиот, на неговите соиграчи, членовите на стручното тело, управата и на сите во клубот Берекум Челси во овој тежок момент“, порачале челните луѓе на фудбалот во Гана, пренесува “Ројтерс”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сомнителни уплати ја тресат „Златната топка“: Се подготвува тужба

Групацијата „Амори“ најавува правна постапка по наводите дека преку 12 сметки биле уплатен…