Дома Фудбал Интер може да го замени Бастони со фудбалерот од кого Јувентус лесно се откажа

Интер може да го замени Бастони со фудбалерот од кого Јувентус лесно се откажа

Интер го напушта дефанзивецот Алесандро Бастони, кој е на чекор од потпишување договор со Барселона. Сепак, на „Џузепе Меаца“ веќе се размислува за неговата замена.

Италијанските извори откриваат дека Интер активно преговара со Сасуоло, со цел да го донесе Тарик Мухамеровиќ, кој е прва опција за Бепе Марота.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Овој 23-годишен дефанзивец од Босна и Херцеговина го привлече вниманието на фудбалските аналитичари со своите одлични игри сезонава.

Мухамеровиќ е роден во Љубљана и има и словенечко државјанство, но израснал надвор од Балканот. Неговата кариера започнала во Австрија, каде што бил дел од екипи како Клагенфурт, АКА ВАК и Волфсбергер, пред да премине во академијата на Јувентус летото 2021 како слободен играч. Во Торино не му се укажа вистинска можност, па беше испратен на позајмица во Сасуоло, кој летово го купи за само 2 милиони евра.

Неговата вредност, според Transfermarkt, пораснала десет пати, достигнувајќи 20 милиони евра, но Сасуоло нема да го пушти во Интер за помалку од 30 милиони евра.

Според гласините, Мухамеровиќ веќе одобрил трансфер, бидејќи ги прифатил условите што Интер му ги понудил. Покрај тоа, Интер има одлични односи со Сасуоло, што може да го олесни префрлувањето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Aко Арсенал не ја освои титулата, Артета заминува – веќе се размислува за негов наследник!

По нерешениот резултат на домашен терен против Борнмут, иднината на Микел Артета на кормил…