Дома Бокс Фјури и Џошуа се „закачија“: Те тепав кога бевме деца, ќе те тепам повторно (Видео)

Фјури и Џошуа се „закачија“: Те тепав кога бевме деца, ќе те тепам повторно (Видео)

Тајсон Фјури и Ентони Џошуа жестоко распалија по победата на британскиот боксер над Арсланбек Махмудов. Џошуа, сепак, не го прифати јавно предизвикот од Фјури.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Тајсон Фјури убедливо го победи Арсланбек Махмудов во Лондон, но многу повеќе возбудувања имаше по борбата.

Британскиот боксер со помош на Туркија Алашик го предизвика Ентони Џошуа.

„Сакам да ви ја дадам борбата што сите ја чекавте. Те сакам тебе – Ентони Џошуа. Да ги задоволиме фановите, битката за Британија.”

„Те предизвикувам, Ентони Џошуа, да се бориш со мене. Дали го прифаќаш мојот предизвик? Ентони, да или не?”, праша Фјури.

Џошуа одби да влезе во рингот.

„Тајсон, леташ високо. Те тепав кога бевме деца и пак ќе те тепам. Не чекам ти да ми кажеш што да правам. Те бркам веќе 10 години, јас сум тука шеф. Кога ќе бидеш подготвен, ќе дојдеш кај мене и ќе ги кажеш твоите услови. Јас сум шефот, ти работиш за мене“, изјави Џошуа.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Бокс

Проверете

Рико Верхувен го имаше во рака Олександр Усик, а потоа се случува 11. рунда за која ќе зборува светот (Видео)

Олександр Усик го одбрани светскиот шампионски појас во тешка категорија според ВБЦ-верзиј…