
Реал Мадрид се соочува со сериозни предизвици пред крајот на оваа сезона.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
По нерешениот резултат со Жирона, Кралскиот клуб дефинитивно заостанува зад Барселона во Ла Лига, додека во Лигата на шампионите има негатива од еден гол пред реваншот во Минхен против Баерн.
Шпанските медиуми известуваат дека Флорентино Перез, првиот човек на клубот, решил дека Арбелоа нема да остане на тренерското столче следната сезона и веќе има одлука кој е првиот избор за негов наследник.
Тој избор според последните информации е Јулијан Нагелсман, актуелниот селектор на Германија, кој долго време нема ангажман со клуб. Иако се шпекулираше и за Дидије Дешан, Нагелсман ќе има приоритет во преговорите.
Освен што е на чело на германската репрезентација, Нагелсман бил тренер на Хофенхајм, Лајпциг и Баерн Минхен.