Дома Фудбал Ристовски се присети на трансферот во Динамо: Дадов збор на друг тим, но ми се јави Мамиќ… (Видео)

Ристовски се присети на трансферот во Динамо: Дадов збор на друг тим, но ми се јави Мамиќ… (Видео)

Македонскиот десен бек Стефан Ристовски (34) од летото е член на Сараево, каде што пристигна по четири многу успешни сезони во Динамо. Во текот на престојот во Загреб, Ристовски освои пет титули првак и четири трофеи од Купот, а сега во разговор за „Vijesti.ba“ се присети на својот трансфер во Динамо од португалскиот Спортинг, на кој го убеди тогашниот шеф на клубот Здравко Мамиќ:

„Господин Здравко го договори тоа. Јас бев во Спортинг, некои работи се комплицираа и морав да одам, да барам решенија. Но, имав уште две години договор. Јас, со мојот менаџер договоривме да одиме, да бараме трансфер, не позајмица, но никој не сакаше да плати.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Никој, нема шанси. Останав уште шест месеци во Спортинг, но не бев во составот, само тренирав и играв за репрезентацијата. Така дојде зимскиот преоден рок, останаа уште три дена. Дадов збор на АЕК од Грција дека ќе дојдам на позајмица, а како Мамиќ дозна, не знам. И ме повикува, вели, би сакал ли да дојдеш кај нас. И јас реков, па секако. Вели, првиот авион и веднаш доаѓај, а јас велам, па шефе, дадов збор на АЕК. Каков АЕК, та знаеш што сме ние за АЕК… Човекот реши трансфер за 24 часа“, открива тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чудно, но бројките велат: Реал е подобар без Мбапе!

Килијан Mбапе повторно е во центарот на вниманието во медиумите во Мадрид. Иако недосудени…