Дома Фудбал Чудно, но бројките велат: Реал е подобар без Мбапе!

Чудно, но бројките велат: Реал е подобар без Мбапе!

Килијан Mбапе повторно е во центарот на вниманието во медиумите во Мадрид.

Иако недосудениот пенал над него во нерешениот натпревар против Жирона е главна тема, исто така е важно да се истакне дека Реал Мадрид влезе во неповолна серија од кога тој се врати на теренот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Додека Мбапе беше повреден, Реал Мадрид беше во победничка серија, меѓу другото елиминирајќи го Манчестер Сити од Лигата на шампионите. Но, кога Французинот се врати во почетната постава, неочекувано тимот на Арбелои не успеа да победи.

Во последните три натпревари, Реал забележа пораз од Мајорка и Баерн, и ремизираше со Жирона. На овие три натпревари, Мбапе имаше вкупно 11 удари кон противничкиот гол и постигна само еден гол.

Мбапе уште имаше неколку реални шанси кои требаше да ги реализира, затоа сега и се јавуваат фановите кои имаа забелешки против него.

Иако станува збор за убедливо најдобриот стрелец на екипата, се зголемува стравот дека Реал нема доволна рамнотежа додека играат Мбапе, Винисиус и Белингем, што би можело да ги чини скапо против посилни противници.

Логично е дека Мбапе не може да биде проблем за тимот, ниту резервен играч, но исто така е факт дека Реал постигнуваше подобри резултати додека тој беше повреден.

Реал Мадрид в среда игра за “опстанок” во сезоната; ако Барселона вечерва го победи Еспањол, ќе има предност од +9, па елиминацијата од Лигата на шампионите би значела крај на оваа сезона.

Да потсетиме, во првата сезона на Мбапе тој не успеа да освои трофеј, освен Суперкупот на Европа со победа против Аталанта. Потоа, во Шпанија, Барселона доминираше со сите три можни трофеи и со 4-0 во „Ел Класико“ дуелите. Каталонците повторно го победија Реал во Шпанскиот Суперкуп и се многу блиску до третиот наслов во последните четири години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хит фотографија: Погледнете како изгледаат фудбалерите на Уганда до 15 години

На социјалните мрежи брзо стана вирална фотографијата на У-15 репрезентацијата на Уганда, …