
Роберт Левандовски и Матео Ретеги се понудија на италијанските великани, пренесуваат медиумите на „чизмата“.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Напаѓачот на Барселона започна преговори со управата на Милан околу преминот на Сан Сиро од наредната сезона, додека Матео Ретеги изрази желба да се врати во татковината и ги нуди своите услуги на Јувентус.
Левандовски има договор со Барселона до крајот на тековната сезона, додека Ретеги е во Саудиска Арабија. Минатото лето тој премина од Аталанта во Ал-Кадсијах за 68 милиони евра.
Во оваа сезона, Полјакот за Барса постигна неколку голови, додека Ретеги во тимот од Саудиска Арабија се запиша како стрелец 18 пати.