Дома Фудбал Tрагедија: Почина тренер во репрезентацијата на Полска!

Tрагедија: Почина тренер во репрезентацијата на Полска!

Асистентот на полската фудбалска репрезентација и поранешен тренер на младинските екипи, Јацек Магеира, ненадејно го загуби животот на 49-годишна возраст. Полскиот фудбалски сојуз (ПЗПН) ја пренесе оваа тажна вест.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Почетокот на кариерата на овој реномиран фудбалски тренер е врзан со клубот Ракув од Ченстохова, при што од јули 2025 година служеше како асистент во тимот на селекторот Јан Урбан.

“Полскиот фудбалски сојуз со длабока тага и силна жалост ја прими веста за заминувањето на Јацек Магеира. Изразуваме искрено сочувство на неговото семејство, пријателите и блиските. Апелираме за почитување на нивната приватност во овој тежок период”, се наведува во соопштението на ПЗПН.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Снимка од брутална тепачка меѓу англиски фудбалери ја шокира планетата (Видео)

На социјалните мрежи се појави видео од инцидентот во кампот на младите селекции на Англиј…