Дома Фудбал Останато Раниери одговори на критиките: Би го слушал за театар, за фудбал никогаш

Раниери одговори на критиките: Би го слушал за театар, за фудбал никогаш

Тренерот на Нант Клаудио Раниери на интересен начин ја искоментира изјавата на поранешниот селектор на Франција, Рајмонд Домених кој ја критикуваше дефанзивната игра на Нант против ПСЖ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Нант во минатото коло запиша пораз од одличниот ПСЖ со 4:2, Домених преку Твитер ја искритикува тактиката на Раниери.

Конечно паркирањето автобус не помогна, бидејќи изгледаше како да се паркирани два мали автомобила“, порача Домених.

Раниери денес му возврати.

„Нема тој да ме учи на фудбал. Можеби би го слушал доколку ми зборува за театар, но за фудбал никогаш“, порача Раниери.

Да потсетиме, Италијанецот пред натпреварот против ПСЖ се пошегува изјавувајќи дека ќе паркира два автобуси пред својот гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Хорор тврдења ја потресоа планетата: Мафијаши им се заканувале на фудбалери на СП!?

Со пораз од Мексико со резултат од 2:0, репрезентацијата на Еквадор го заврши своето учест…