
Фудбалерите на Интер оваа сезона доминираат во Серија А и се на чекор од нова титула шампиони.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Под водство на тренерот Кристијано Чиву, Нераѕурите имаат предност од седум бодови пред Наполи, додека Милан заостанува девет бодови.
Седум кола пред крајот јасно е дека Интер држи сè во свои раце.
Чиву може да добие нов, подобрен договор. Покрај тоа, се подготвува и тактичка промена, која се чини како “револуција”.
Досегашниот систем 3-5-2 би можел да биде заменет со формацијата 4-3-2-1.
Нагласокот ќе биде на висок пресинг и енергија на помладите играчи. Таквиот пресврт подразбира и сериозни промени во играчкиот кадар.
На излезната врата би можел да се најде Алесандро Бастони, за кого се очекува заработка од над 50 милиони евра.
Покрај него, споменуваат се и заминувања на искусни имиња како Јан Зоммер, Франческо Ачерби, Стефан де Вриј, Матео Дармиан и Хенрих Мхитарјан.
Листата на потенцијални заминувања тука не завршува. Клубот би можеле да го напуштат и Дензел Думфрис, Давиде Фратеси, Луис Енрике, како и Хакан Чалханоглу.
Во центарот на новата визија се наоѓа и хрватскиот репрезентативец Петар Сучиќ. Младиот играч од средниот ред ужива голема доверба на тренерот и се очекува да задржи важна улога. Планот е да биде дел од “тројката” во средниот ред.
Интер дополнително сака да ја зајакне таа линија, а едно од имињата што се споменуваат е Ману Коне од АС Рома.
Сучиќ стигна во клубот минатото лето од Динамо Загреб за 14 милиони евра плус бонуси.