Дома Фудбал Чудна реакција на Симеоне: По победата против Барселона трчаше како да го брка некој

Чудна реакција на Симеоне: По победата против Барселона трчаше како да го брка некој

По триумфот со 2:0 на гостински терен против Барселона во четвртфиналето на Лигата на шампионите, тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, приреди моменти што брзо станаа вирални.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Симеоне синоќа ја запиша својата прва победа на Камп Ноу, обезбедувајќи еден од најголемите успеси во својата кариера. Со победата од 2:0, на првиот натпревар од ова натпреварување, тој се доближи до пласманот во полуфинале на Лигата на шампионите.

Во последните моменти од дуелот, Симеоне беше целосно фокусиран и напнат. Го чекаше конечниот свиреж на судијата, а веднаш потоа, трчајќи со цела сила, замина кон соблекувалните.

Не се поздрави со судиите, ниту го пружи раката на противничкиот тренер Ханси Флик, само го снимаа камерите како брза да ги сретне своите играчи во соблекувалните.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аморим за Модриќ: Ако треба, лично ќе одам по него!

Искусниот хрватски фудбалер Лука Модриќ (40) моментално ужива во заслужен одмор по уште ед…