Дома Фудбал Шок за Барселона во само неколку минути! Црвен картон за Кубарси, па совршенство од слободен удар на Алварез

Шок за Барселона во само неколку минути! Црвен картон за Кубарси, па совршенство од слободен удар на Алварез

Барселона и Атлетико Мадрид играат моментално меч од четвртфиналето на Лигата на шампионите, а Каталонците во самиот финиш на првото полувреме останаа со играч помалку и веднаш после тоа примија гол од Жулиан Алварез.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иако Барселона во поголемиот дел од првото полувреме беше подобра и имаше неколку одлични шанси, на крајот настана молк на стадионот Камп Ноу.

Во самиот финиш на првото полувреме Пау Кубарси беше исклучен бидејќи го фаулираше Симеоне и беше последниот играч во одбраната.

Но, за да биде уште полошо за домаќините, токму од таа прекината акција Барселона прими гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Напнатоста во Португалија ескалира поради Кристијано Роналдо

Напнатоста во португалската репрезентација ескалира, и се зборува за своевидна „граѓанска …