Дома Фудбал Викарио заминува во Интер, голманот на Манчестер Сити потпишува за Тотенхем

Викарио заминува во Интер, голманот на Манчестер Сити потпишува за Тотенхем

Гуљелмо Викарио од лето ќе биде нов член на Интер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Поранешниот голман на Емполи сака да се врати во својата родна земја, а понудата од Интер му е повеќе од задоволителна. Тој ќе го замени Зомер на голот на “неразурите”, чиј договор истекува на крајот од сезоната.

Во меѓувреме, менаџерот на Тотенхем Роберто Де Зерби пронајде соодветна замена за првиот чувар на мрежата на лондонскиот клуб.

Станува збор за голманот на Манчестер Сити, Џејмс Трафорд.

Овој 23-годишен голман е дете на Манчестер Сити, но е во сенката на неприкосновениот Џанлуиџи Донарума.

Неговата актуелна цена е 25 милиони евра, а интерес за него веќе покажаа Њукасл, Астон Вила, Лидс, Вест Хем и Бајер Леверкузен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Напнатоста во Португалија ескалира поради Кристијано Роналдо

Напнатоста во португалската репрезентација ескалира, и се зборува за своевидна „граѓанска …