Дома Фудбал Рој Кин жестоко удри по ѕвездата на Реал по поразот!

Рој Кин жестоко удри по ѕвездата на Реал по поразот!

Реал Мадрид доживеа пораз од Баерн со 1:2 во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите, а фокусот по натпреварот беше насочен кон слабостите во одбраната на „кралскиот клуб“. Иако Килијан Мбапе со својот гол во 74. минута му даде надеж на Реал за реваншот во Минхен, легендарниот Рој Кин воопшто не пројави разбирање за грешките во одбраната.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Настапувајќи како стручен коментатор во студиото на телевизиската куќа CBS, Кин особено ги насочи своите критики кон играта на Трент Александар-Арнолд, кого го обвини за главниот виновник за голот на Луис Дијаз.

“Слушајте, навистина ми е преку глава од ова. Постојано истата приказна во големите натпревари. Сите зборуваат за неговите додавања, но што е со основите на играта? Со одбраната? На ова ниво, во Лигата на шампионите, едноставно не смееш да направиш вакви пропусти”, рече Кин.

Тука не запре. Тоа е аматерска грешка. Да дозволиш Луис Дијаз да помине покрај тебе како да не постоиш? Невозможно. Се брани како никогаш да не играл десен бек. Големите натпревари бараат големи бранители, а тој е далеку од тоа во моментов”, додаде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Понудата од 150 милиони евра не е ништо: Лапорта не се предава и ќе води битка со Перез!

Барселона не се откажа од идејата да го доведе Хулијан Алварез ова лето, иако Атлетико Мад…