
Лука Дончиќ вчера итно ги напушти Соединетите Американски Држави, а еве каде отиде и зошто.
Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ, реши да преземе важен чекор во борбата со повредата на задната ложа.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Според информациите на „ЕСПН“, Дончиќ отпатува во Шпанија за да се подложи на специјализиран третман со инјекции со цел побрзо закрепнување од повредата на втор степен.
Се работи за процедура која може значително да го скрати првично предвидениот период на пауза од четири до шест недели.
Во оптимистичко сценарио, постои можност да се врати уште на почетокот на плејофот. Како што објасни доктор Еван Џефрис, станува збор за напредни регенеративни терапии.
Тие најчесто вклучуваат комбинација на матични клетки и ПРП-третмани, односно плазма богата со тромбоцити.
„Матичните клетки во Шпанија можат да се обработат подетално за да им се зголеми ефикасноста. Истото важи и за PRP“, рече Џефрис.