Дома Фудбал Јувентус може да се засили со поранешен напаѓач на Ливерпул!

Јувентус може да се засили со поранешен напаѓач на Ливерпул!

Раководството на Јувентус стапило во контакт со саудискиот клуб Ал Хилал за да ги истражи условите под кои може да го ангажира уругвајскиот напаѓач Дарвин Нуњес. Оваа вест ја пренесува италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио.

Ал Хилал го донесе Нуњез ова лето како големо засилување, откако плати на Ливерпул 53 милиони евра. Сепак, тој не ги исполни очекувањата на клубот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Симеоне Инзаги сепак не го гледа како примарен избор во нападот, а договорот му истекува за две години. Ал Хилал би сакал да го продаде пред да го изгуби без надомест.

Проблем за Јувентус, покрај високата отштета, е и платата на Нуњес во Ал Хилал, која изнесува неверојатни 24 милиони евра годишно.

Уругваецот досега има одиграно 16 натпревари во домашното првенство со шест постигнати голови и четири асистенции за тимот од Саудиска Арабија.

Пред да биде дел од Ал Хилал и Ливерпул, Нуњез настапуваше за во Бенфика, Алмерија и Пењарол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Енцо Фернандез подготвен да го форсира својот трансфер во Реал Мадрид летово

Една од ѕвездите на Челси, Енцо Фернандез, е подготвен да достави барање за трансфер по кр…